Братот на музичарот Ице Атанасовски кои вчера почина преку статус на Фејсбук пишува дека неговиот брат немало да биде покоен ако Интерното одделение во болницата во Битола покажело барем малку грижа и основна хуманост.
-Мојот брат Ице Атанасовски , денес мора да го наречам покоен, а не морав. Немаше да биде покоен ако Интерното одделение од Болницата во Битола покажеше барем малку грижа и основна хуманост. Го однесовме на нозе, за 10 дена со амбуланта кола ни го дадоа едвај жив. Со денови ги молевме да го пуштат Охрид, Скопје, некаде, тие дури ни викаа навредени, дека биле способни да го лечат. А тој ден за ден пред очите ни се топеше. Дури ни рекоа ако го земиме и не го примаат некаде, кај нив да не сме го враќале… Не можеа да му направат обично снимање на срцето 10 дена, ниту нешто што би му помогнало. Само лежеше, едвај и да влегуваа во соба. За на крајот да го снимаат конечно, да ни кажат мора да оди итно Скопје, ама не се знае дали патот ќе го преживее…Па зошто тогаш не се јавија кај колегите Скопје да кажат каков пациент иди? Не ни дадоа ништо, ни што примал, ни како примал, докторите Скопје мораа да почнат од почеток се пред да го оперираат. Каде им е душата и човечноста?? Брат ми издржа 5 операции на срце, ама штетата што беше направена Битола му го уништи организмот за да не може да закрепне од операциите. И сега?? И пак никој нема да одговара што него го снема на 43 години, оти тие беа неспособни да признаат дека НЕ се способни??? Дали некогаш нешто ќе профункционира, дали докторите на интерно ќе престанат да се однесуваат како ние да сме ништожни и безвредни?? Дали некогаш ќе почнат да го ценат човечкиот живот??, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Мојот брат Ице Атанасовски , денес мора да го наречам покоен, а не морав. Немаше да биде покоен ако Интерното одделение…
Posted by Borce Atanasovski on Петок, 12 февруари 2021
Неговата сопруга исто така реагира:
-Почина од несовесноста на некои индивидуи во нашава битолска болница, кои го лечеа со терапија за корона, на негативен тест и им требаше 10 дена да откријат дека не му работи срцето, 10 дена некој да венее пред нивните очи, а тие да поминуваат покрај него, без да се запрашаат, ама чекај, може е нешто плус. За по 10 дена кога веќе беше пред умирање да го пуштат Скопје и тоа БЕЗ да го најават како итен случај. Не им ги знам имињата, и не вреди да именувам, тоа се вика системски пропуст, негрижа, нечовечност, затоа што во тие денови поминале 10 доктори на визита.. Тоа е она што фали, човечноста и совеста, и она што мојот статус нема ни да го смени за жал. Секоја чест на докторите од Кардиохирургија Скопје кои веднаш извршија оперативен зафат на срцето, дадоа се’ од себе еден месец, ама не издржа. Доминантно станува збор за микотична сепса и септичен шок. И да, денес од земјава нема еден неверојатен човек и талент заради короната, ама не онаа од која мислите. И не е прв, а нема ни да биде последен дури сите молчиме.. Жалам од дното на душата за сите жртви на оваа проклета СИСТЕМСКА НЕспособност што не е партиска, туку е НЕ човечка. Почивај во мир голем човеку. Тоа што го помина ти да не се повтори на никој – вели Гордана Атанасовска.
Ице Атанасовски си замина синоќа пред полноќ на возраст на која никој не треба да замини. Ице велат почина од короната….
Posted by Gordana Atanasovska on Петок, 12 февруари 2021