Во финалето на Лигата на нации во одбојка за мажи, репрезентацијата на Бразил попладнево ја победи Полска со 3:1.
Резултатот по сетови 22:25, 25:23, 25:16, 25:14.
За Бразилците ова е прв трофеј во Лигата на нации и воопшто прв медал во третото издание на престижното натпреварување. Претходно, „кариоките“ два пати се пласираа во полуфиналето (2018 и 2019 година), а во 2020 Лигата на нации не се одржа поради пандемијата.
Третото место го освои францускиот националниот тим. Во мечот за бронзата Французите ја совладаа репрезентацијата на Словенија со 3:0, по сетови 25:20, 25:18, 25:19.