Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар Јуниор, на тренинг на репрезентацијата доаѓа со својот нов хеликоптер „Ербас Икс 145″, којшто чини 13 милиони евра.
Тој го купи хеликоптерот во Грања Комари, близу Рио де Жанеиро. Црното летало е долго 13,6 метри и високо 3,95 метри, а е произведено во фабриките на Мерцедес Бенц.
На неговата надворешност се наоѓаат и иницијалите на ѕвездата на ПСЖ. Внатрешноста пак, е исполнета со мотиви на суперхеројот Бетмен.
Максимална брзина со којашто може да лета е 248 километри на час, а во него може да собере 10 лица.