Бразилското Министерство за надворешни работи ги прогласи сите дипломати од Венецуела кои го претставуваат режимот на претседателот Николас Мадуро за персона нон грата. Тоа се наведува во соопштение од МНР на Бразил.
„Бразилската Влада ги извести дипломатските, конзуларните и административните претставници на нелегалниот режим на Венецуела дека се пригласени за персона нон грата“, соопшти Министерството.
Прогласувањето не значи присилно протерување. Сепак, по одлуката на Министерството за надворешни работи, на официјалните лица на Каракас им беше одземен дипломатскиот имунитет и привилегиите поврзани со нив.
Бразил ги повлече сите свои дипломати од Венецуела во март 2020 година.