Селекторот на олимписката репрезентација на Бразил, Андре Жардин, изрази надеж дека фудбалерот на ПСЖ, Нејмар, ќе настапи на летните Олимписки игри (ОИ) во Токио, иако призна дека тоа ќе биде „тешко изводливо“.

-Сакаме да играме со најсилниот можен состав, а Нејмар е најдобриот играч во нашиот тим. Свесни сме дека ситуацијата е сложена и оти за неговиот евентуален настап не одлучувам јас како тренер, изјави Жардин.

Настапот на 29-годишниот напаѓач на ОИ во Токио ќе биде можен само доколку биде постигнат договор помеѓу Фудбалската федерација на Бразил и ПСЖ, но актуелниот француски првак нема обврска да дозволи настап на свои играчи на натпреварувања што не се во организација на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА).

Репрезентацијата на Бразил, која ја брани олимписката титула, ќе игра во групата Д заедно со Германија, која ја совлада во последното финале на домашен терен во 2016 година, Брегот на Слонова Коска и Саудиска Арабија.

Олимпијадата во Токио треба да се одржи од 23 јули до 8 авгист.