Од почетокот на вториот бран на Ковид-19 во Бразил починале 83,5 отсто од пациентите на кои им била потребна кислородна поддршка, покажуваат резултатите од најновото истражување.
Процентот на смртни случаи варира од регион до регион. Во посиромашните северни бразилски држави починале 90,8 отсто од пациентите на интензивна нега, додека во јужните сојузни држави, каде болниците се подобро опремени починале 79,8 проценти.
Истражувањето го спроведе Институтот Фиокрус, специјализиран за интензивна нега во соработка со Универзитетот Сао Паоло, при што биле собрани податоци од државните и приватните болници.
Во периодот од 15 февруари до 15 август 2020 година починале 78,7 отсто од интубираните пациенти во Бразил, што е многу повеќе од Велика Британија (69 проценти), Германија (52,8), Италија (51,7) и Мексико (73,7 отсто).
Ситуацијата во Бразил се влоши за време на вториот бран на пандемијата, кога процентот на смртни случаи на интубираните пациенти се искачил на 83,5 отсто. За второто истражување собрани се податоци за периодот од 15 ноември 2020 година до 14 март годинава.