Бразилските војници денеска им доставија заштитни маски на припадниците на племето Јаномами кое живее во Амазон.
Денеска е втор ден од воените операции во областа, чија цел е заштита на домородното население на Бразил од Ковид-19.
Јаноманците го сочинуваат домородното население на Бразил, кое живее во тропските шуми на Амазон, каде што е потврден коронавирусот во десетици домородни заедници.
Властите соопштија дека Јаномамите првично биле исплашени и недоверливи спрема припадниците на службите што дошле на терен, но дека подоцна тие ја стекнале довербата на племето и дека целата операција поминала добро.
Медицинскиот персонал им мерел температурата на луѓето од Јаномами, а биле извршени и брзи тестови за коронавирус.
Досега се потврдени околу 1,5 милион случаи на Ковид-19 во Бразил, а починаа повеќе од 60.000 луѓе.