Флавио Болсонаро, најстариот син на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, е позитивен на коронавирусот.

Кабинетот на сенаторот од Рио де Женеиро соопшти дека Флавио Болсонаро е позитивен и дека нема никакви симптоми, објави Си-Ен-Ен.

Флавио Болсонаро работи од дома и го зема лекот хидроксихлорокин, за чија употреба во третманот на коронавирус се залага неговиот татко, иако за тоа нема научни докази, додава американската телевизиска мрежа.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, исто така, беше тестиран позитивен на коронавирусот на 7 јули, а на Твитер на 25 јули објави дека е негативен.