Бразилската делегација на 76-та сесија на Генералното собрание на ОН одлучи да оди во самоизолација откако беше откриено дека еден од нејзините членови, министерот за здравство, е позитивен на коронавирусот.
-Оваа земја потврди дека целата делегација одлучила да биде во самоизолација 14 дена, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за Тасс на прашањето дали се точни информациите дека бразилската делегација е во карантин.
Претходно, два извори од руската агенција објавија дека бразилската делегација е во самоизолација, бидејќи бразилскиот министер за здравство, Марсело Квирога, е позитивен на коронавирус.
Според еден од изворите, бразилската делегација се вратила дома и само Квирога останал во Њујорк.