Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро потпиша указ со кој се олеснува купување огнено оружје.

– Со цел да се олесни правото на граѓаните на самоодбрана, како претседател ќе го искористам еве ова оружје, изјави Болсонаро покажувакќи на пенкалото со кое го потпиша указот.

Според извори од Кабинетот, Указот стапува на сила веднаш откако е потпишан од претседателот и нема потреба од одобрување во Парламентот.

На референдум во 2005 година 64 отсто од Бразилците гласаа против нацрт закон со кој се предвидуваше продажбата на оружје во државата да биде забранета.