Бред Пит ја доби поранешната сопруга, колешката Анџелина Џоли на суд каде што се „судрија“ за нивниот имот во Франција.
Познатиот актер изјави дека ќе ја „уништи“: Ова е само почеток!!
Кога Анџелина Џоли го продаде својот дел од заедничката винарија во Франција на милијардерот Јури Шефлер, тоа го налути Бред Пит, бидејќи договорот бил дека тоа не можат да го направат без согласност на другиот. Поранешниот брачен пар со години се бореше за старателството над децата, а потоа и за винаријата „Шато Миравел“, која Џоли ја отуѓи.Пит извојува правна победа на суд по жестоката битка со поранешната сопруга за нивното француско лозје.
Американски „Сан“ открива дека Пит победил на францускиот суд минатата недела благодарение на документите кои ги заплениле судски извршители.
Пресудата е трета во низата правни неуспеси за Шефлер, кого Пит го опиша како „силеџија“.
Извор близок до Пит рече: „Има долг пат да се помине во овој судски спор, но сè работи во полза на Бред во моментов. Во последните месеци, тој победи три пати на суд во три различни јурисдикции: Луксембург, Обединети Државите, а сега и Франција, ја започнаа оваа непријателска понуда за преземање, тој јасно им стави до знаење на сите дека нема да биде малтретиран. Тој ќе продолжи да го прави она што е правилно“.