Холивудскиот актер Бред Пит откри дека мрази да го споредуваат со легендарниот актер бунтовник, трагично загинатиот Џејмс Дин.
– Не знам зошто некој би сакал да го обликува својот живот по некој кој не преживеал – рекол Пит во едно интервју.
Инаку, славниот актер познат по многу хит филмотви, Џејмс Дин трагично загина во сообраќајна несреќа на 24-годишна возраст.
Во периодот пред да загине Дин веќе беше симбол на бунтовничкиот дух на младоста, а неговата смрт го зацврсти неговиот статус на холивудска легенда.
Бред Пит признава дека има други идоли на кои би сакал да им биде сличен.
– Познавам многу малку мажи на кои можам да се угледам. Затоа ги ценам постарите филмови, прикажуваат мажи кои се држат до своите принципи. „Како Редфорд“, рече Пит, издвојувајќи ги Марлон Брандо, Џек Николсон и Мики Рурк како примери кои претставуваа комбинација на „сила и нежност“.