Бројот на Британци кои аплицирале за ирско државјанство е речиси двојно зголемен во споредба со 2015, годината пред референдумот во Британија за излегувањето на земјата од Европската унија.
Во 2015 година ирско државјанство побарале 46.229 Британци, додека во 2017 година нивниот број изнесува 80.752, а во првите шест месеци од годинава 44. 962, јавија британските медиуми повикувајќи се на бројки објавени од страна на политичарот Нил Ричмонд, од ирската партија Фина Гејл.
Референдумот во јуни 2016 година, 52 отсто од Британците гласаа за излез на нивната земја од ЕУ. Од тогаш Лондон се обидува да се договори со ЕУ за условите за излез од Унијата. Многумина политички лидери предупредија дека кусите рокови им отежнуваат на британските и останатите европски граѓани, како и на компаниите, да прават планови.
Британците, чии родители и предци се од Ирска, која е членка на ЕУ, можат да аплицираат за ирски пасош. И Ирска и Велика Британија дозволуваат двојно државјанство.
Најмалку 10 отсто од населението во Велика Британија (со исклучок на Северна Ирска) има право на ирски пасош, соопшти Ричмонд.