Британската премиерка Тереза Меј треба веднаш да поднесе оставка, изјави Андреј Бриџен пратеник од нејзината Конзервативна партија, кој се залага за таканаречениот „тврд“ Брегзит.
Меј вчера изјави дека ќе побара уште едно одложување на Брегзит за да постигне договор за излез од ЕУ со лидерот на опозицијата Џереми Корбин, што е маневар во последен момент за излезе од ќорсокакот кој налути голем број пратеници во нејзината партија.
– Таа треба добро да се погледне во огледало, за доброто на нашата земја, нашата демократија и конзервативната партија таа треба веднаш да замине, изјави Бриџен за Скај Њуз.