Поранешниот прв човек на Формула 1 тимот Рено, Флавио Бријаторе го советуваше пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен да не зборува премногу.
Претходно, холандскиот тркач го обвини Ферари за измама.
– Прекрасно е што Макс ќе остане во Ред Бул, и ќе го гледаме меѓу лидерите во Формула 1 уште долго време. Тој е многу брз, постојано се подобрува и често ги надминува сите. Но Верстапен мора да научи да ја задржи устата затворена. Тој можеше да ги игнорира обвинувањата на Ферари за измама. Прво, не е негова работа да дава вакви изјави. Второ, во целата оваа приказна немаше вистина, изјави бријаторе.
Минатата сезона Верстапен заврши на третото место во Генералниот поредок со 278 бода.