Европската комисија денеска повика на едноминутно молчење во спомен на двајцата новинари кои загинаа во нападот во Стразбур минатата недела.

Меѓу петте жртви беа и италијанскиот дописник на ЕУ Антонио Мегалици (28) и полскиот новинар Барт Орен-Неджелски (36).

– За жал, меѓу жртвите има и еден од нашите. Антонио Мегалици работеше за универзитетското радио „Еурофоника“ на програма, поддржана од ЕУ и се наоѓаше во Стразбур за да ја покрие седницата на Европскиот парламент, соопшти портпаролот на Комисијата.

Од името на меѓународното здружение на новинарите АПИ/ИПА во прес салата на ЕК беше прочитана изјава во која се истакнува дека двајцата загинати работеле со страст, за да ја објаснат една од најсложените работи – ЕУ.

Во изјавата се додава дека Антонио и Барто сакале да го прават тоа до крајот на својот живот.