Шефот на белгиската контраразузнавачка служба, Клемент Ванденбере е осомничен дека работел за Русија, пишува ЕУ Обсервер.
Белгискиот весник Де Морхен тврди дека Вандербере, кој 40 години работел како разузнавач, е обвинет дека предавал доверливи информации преку извесна Србинка, за која има сомнеж дека била руски агент.
Де Морхен тврдењето го изнесува врз основа на „неименувани извори“ од белгиската контраразузнавачка служба (АДИВ).
Тоа, како што пишува весникот, прозилегува од истрагата на белгиското федерално обвинителство и надлежниот парламентарен одбор.
Има сомнежи дека Вандербере уништил доверливи документи во режач на хартија, пишува весникот.
Се додава дека му било наложено да не ја напушта куќата до завршувањето на истрагата, а неговата канцеларија била „запечатена“ кон крајот на минатиот месец.
Бугарскиот новинар Иван Диков во текст на сајтот Јуропиенњуз тврди дека во текот на специјалната операција во Србија во 2016 г. Вандербере на Србите им овозможил пристап до доверливи информации.
Споменатата Србинка, како што пишува Диков, била двоен руски агент.
ЕУ Обсервер потестува деканеодамна германски „Велт ам зонтаг“, повикувајќи се на интерен извештај на Европската служба за надворешни работи, пишуваше дека во Брисел, каде што е седиштето на ЕУ и НАТО, делуваат „околу 250 кинески и 200 руски шпиони“.