Земјите членки на ЕУ ја отстранија Намибија од списокот на даночни оази, соопшти денеска Советот на ЕУ.
Европската Унија сега ја смета Намибија за кооперативна земја со добро финансиско владеење.
Другите пет земји и територии кои остануваат на списокот на даночни оази се Тринидад и Тобаго, Самоа, Гуам, Американска Самоа и Американските Девствени Острови.
Овие острови не ги спроведуваат критериумите кои ги бара ЕУ од даночните оази: да ги почитуваат стандардите за автоматска размена на финансиски информации, да водат борба против фискална евазија на мултинационални компании и да избегнуваат да привлекуваат офшор компании.