Во делови од Велика Британија вчера утрото се појавила светлорозова магла и го шокирала локалното население.

Необичниот феномен се проширил во југозападна Англија. Граѓаните ја опишаа појавата како “неверојатна”, иако некои споменаа дека била помалку „морничава“.

„Изгледаше прилично неверојатно. Сум видела магла со портокалова боја, но никогаш претходно не бев видела розова “, вели Џоди Бундрик од Стоук-суб-Хамдон, Сомерсет.

Метеорологот Ема Смит од англискиот хидрометеоролошки завод објаснува дека таквата боја на магла се создала, бидејќи светлината се одбивала од различните делови на маглата и облакот, при што се искривила и добила различна нијанса.

 

 

 

View this post on Instagram

 

The mornings are getting lighter…today has a pink foggy hue…really pink! #morning #pinkfog

A post shared by Gem Reece-Holloway (@pagannature) on