Британците ќе изгубат 16 милијарди долари извоз во Европската Унија и уште неколку милијарди долари извоз во други земји доколку се реализира Брегзит без договор.
Економистите на ООН во студијата објавена од Конференцијата за трговија и развој на ООН (УНКТАД) оценуваат дека губењето на повластениот пристап до „пазарот на ЕУ како резултат на Брегзит без договор“ ќе предизвика загуби на извозот од најмалку 16 милијарди долари, што претставува околу седум проценти од вкупниот извоз на Велика Британија во ЕУ.
Излегувањето на Велика Британија од ЕУ беше одложувано неколку пати, со краен рок до 31 октомври.