Велика Британија прави дополнителни нарачки на инсулин за да се обезбеди во случај на напуштање на Европската унија без договор, каде се произведува тој скап лек.
Речиси 3,7 милиони Британци меѓу кои и премиерката Тереза Меј се дијабетичари. Лондон увезува значителен дел од тој лек и неколку неделли пред напуштањето на ЕУ дијабетичари се во паника дека ако има брегзит без зделка, може да има недостиг од инсулин.
Затоа голем број болни почнаа да се снабдуваат и купуваат таков лек на секои две недели наместо еднаш месечно, јавуваат британски медиуми.
Британската влада побара од увозниците на тој лек да обезбедат дополнителни количества за период од шест месеци. Брегзит без договор ќе стави крај на повеќедецениското партнерство меѓу Лондон и ЕУ за регулација на лекови и мониторинг на нивна безбедност.