Британската амбасадорка Рејчел Галовеј денеска на Твитер излезе со поддршка за отворањето на дебатата за борба против дезинформации и лажни вести.
Амбасадорката нагласува дека Велика Британија издвоила 9,5 милиони фунти за јакнење на независноста на медиумите во Западен Балкан.
-Го поздравуваме отворањето дебата за борба против дезинформации и лажни вести. Велика Британија издвои 9,5 милиони фунти за јакнење на независноста на медиумите во Западен Балкан, средства со кои се поддржува слободата на говорот и се овозможува зголемување на избалансирани и непристрасни содржини, вели Галовеј во својот твит.