Данска студија покажа дека луѓето заразени со многу заразната британска мутација на коронавирусот имаат 64 проценти поголема веројатност да бидат хоспитализирани, соопшти денеска државниот институт Серим во Копенхаген.
Од 2.155 лица заразени со мутацијата Б.1.1.7, 128 се хоспитализирани, што е за 64 проценти повеќе од заразените со други видови, се наведува во студијата.
Резултатите од студијата се слични на резултатите направени во Велика Британија на почетокот на овој месец, додаде институтот.
Британската мутација стана доминантна во Данска минатата недела и изнесуваше две третини од новите случаи на ковид, во споредба со помалку од пет проценти на почетокот на годината.