Велика Британија ќе одвои 245 милиони фунти за помош на вооружените сили на Украина, за набавка на муниција и ревитализација на синџирот за снабдување со гранати, соопшти денеска британската влада.
Најавено е и потпишување на серија договори во вредност од милион фунти, меѓу агенцијата за набавка на оружје на британското Министерство за одбрана и компанијата „Кук дефенс системс“ за набавка на стотина резервни делови гасеници за поправка на украински тенкови и други оклопни возила.
Министерот за одбрана на Велика Британија, Грант Шепс, во четвртокот во Парламентот ја потврди испораката на дополнителни 200 противтенковски ракети „Brimstone AFU“, со што вкупниот број на испорачани проектили од овој тип во Украина се зголеми на повеќе од 1.300.