Прозападна страна во украинскиот конфликт заземаат 131 држава, покажа истражувањето спроведено од британското списание Економист.
Списанието истражуваше каква позиција заземаат земјите во светот, во конфликтот што започна на 24 февруари, па ги подели во три категории: прозападни, неутрални, проруски.
Дваесет и осум држави се ставени во категоријата проруски. Дел од нив се Кина, Сирија, Пакистан, Еритреја, Етиопија. Земјите во оваа категорија, сочинуваат над една третина од светското население.
Во државите под прозападната категорија, живее 36 отсто од светското население. Триесет и две држави беа одредени како неутрални, исто така содржат околу една третина од светското население. Меѓу земјите на оваа листа, се најдоа и Индија, Бразил, Бангладеш.
Авторите истакнаа дека две третини од светското население живее во земји што ја поддржуваат Русија или се неутрални. Но, како што се забележува, резултатите се под силно влијание на Кина и Индија, со нивните големи популации.
Се појаснува дека Кина „паднала“ во категоријата за поддршка на Москва, бидејќи одбегнува да ги осуди постапките на руското раководство и е малку веројатно да ја заземе страната на Западот. Индија пак, го засили ангажманот со Русија, особено со намалување на цената на нафтата. Како резултат на тоа, авторите заклучуваат дека не цела светска заедница е подготвена да ја признае Русија како аутсајдер.