Британските научни тела ја повикаа владата да вклучи „основни искуства“ како што се јадење сладолед на стапче, санкање и копање во наставната програма за деца на возраст од три до 11 години во основните училишта.
Како дел од програмата, децата ќе посетуваат градинарски центри, ќе научат за рециклирање и ќе свират на музички инструменти, објави Скај њуз.
Ова е предвидено во препораките за реформа на наставната програма предложени од Кралското здружение за хемија, Институтот за физика, Кралското биолошко друштво и Здружението за научно образование, во обид да се намалат нееднаквостите во образованието во науката, технологијата, инженерството и математиката.