Британски медицински сестри дрогирале пациенти за да им биде забавно

/ 05.10.2023

Две медицински сестри од Велика Британија се осудени за нелегално дрогирање на пациенти.

Кетрин Хадсон (54) и Шарлот Вилмот (48) се прогласени за виновни за давање дрога на пациентите за кои морале да се грижат без нивно знаење и согласност бидејќи им било забавно и затоа што им ја олеснило работата, пренесува Sky news.

Во пресудата, која штотуку е објавена, се вели дека ги злоупотребувале оние за кои се грижеле во одделението за мозочен удар во болницата „Блекпул Викторија“ во Ланкашир помеѓу февруари 2017 и ноември 2018 година. Ним им се судело по девет точки од обвинението, а Хадсон е прогласена за невина по три точки од обвинението. Вилмот е прогласена за виновна, меѓу другото, за охрабрување на Хадсон да заспие пациент.

Полициската истрага била покрената откако студентка-медицинска сестра ѝ кажала на полицијата дека видела дека Хадсон му дава на пациентот Зопиклон, пилула за спиење без рецепт, за која се верува дека е опасна по живот доколку се администрира несоодветно, во ноември 2018 година.

Обвинителите рекоа дека пораките што биле разменети помеѓу Хадсон, искусна регистрирана медицинска сестра, и Вилмот, асистент лекар, откриле „култура на злоупотреба“.

Хадсон негирала дека злоупотребила четворица пациенти со нелегални седативи и дека го украла лекот Мебеверин, додека Вилмот негирала дека ја охрабрила Хадсон да им даде седативи на еден од тие пациенти. И двете се изјасниле за невини за несовесно постапување со пациент.


Од истата категорија