Британскиот министер за одбрана Бен Валас изјави дека постои реална можност Украина да го врати Крим оваа година.

Валас изјави за Вашингтон пост дека полуостровот повторно би можел да му припадне на Киев по девет години руска окупација бидејќи на силите на Москва им снемува опрема.

„Ако ги погодите руските сили каде што треба, тие ќе паднат. Можете да испратите десетици илјади млади мажи во смрт, што тие го прават, но не можете магично да создадете тенкови и потребните системи за оружје“, додаде Валас.

На прашањето за потенцијалниот пристап на Украина во НАТО, тој рече дека треба да бидеме реални и дека тоа нема да се случи на самитот на Алијансата во Литванија во јули.

„Тоа нема да се случи наскоро“, рече британскиот министер за одбрана.