Членовите на советничката група на британската влада НЕРВТАГ тврдат дека децата најверојатно се поподложни на заразување со мутираниот коронавирус, во споредба со неговите претходни варијанти, но дека нема докази дека новата варијанта на вирусот е посмртоносна, објави Дејли меил.
Епидемиологот Нил Фергусон, професор на Кралскиот колеџ во Лондон и член на НЕРВТАГ, тврди дека постои навестување дека децата се подложни на инфекција со новата, мутирана форма на коронавирус. Оваа хипотеза, сепак, сè уште не е докажана.
Фергусон наведува дека бројот на заразени со новата варијанта на коронавирус кај деца под 15-годишна возраст е многу поголем, во споредба со бројот на заразени со други соеви на САРС-КоВ-2 во истата возрасна група, но не даде точни податоци.
Тој рече дека е можно оти новата варијанта на вирусот, наречена Б.1.1.7, која се појави во текот на ноемврискиот карантин, за време на првото полугодие во училиштата, бидејќи оваа варијанта е поефикасна во заразувањето деца отколку претходните форми на САРС-КоВ-2.
Научниците веруваат дека новата варијанта на вирусот е позаразна за 50 до 70 проценти, но тие не веруваат дека е посмртоносен, ниту дека предизвикува потешки форми на болеста кај деца и возрасни.
Досега, децата биле заразени со коронавирусот во многу помал број отколку од другите респираторни заболувања, вклучувајќи го и грипот.
Според водечката теорија, ова се случува затоа што децата имаат многу помалку рецептори на ACE2 преку кои коронавирусот влегува во човечките клетки, а чиј број се зголемува со возраста. Професорката Венди Баркли од Кралскиот колеџ во Лондон и членка на НЕРВТАГ тврди дека поради тоа возрасните се полесна „мета“ за коронавирусот во споредба со децата.
Баркли верува дека новата варијанта на вирусот инфицира повеќе деца, не затоа што тие се негова „мета“, туку затоа што сега тој е помалку инхибиран.