Станува сè појасно дека Украина ќе победи во војната со Русија и дека Кремљ се соочува со историска криза на доверба. Катастрофалните загуби во Украина може да резултираат со колапс на Руската Федерација, пишува британски Телеграф.
„Навистина, сега верувам дека е вистинска можност откриените слабости на Владимир Путин да се толку сериозни што можеби ќе бидеме сведоци на почетокот на крајот, не само на неговиот режим, туку и на самата Руска Федерација“, пишува Бен Хоџис за лондонски Телеграф.
Натаму Телеграф во обемната статија пишува:
„Оваа огромна империја која опфаќа повеќе од 120 етнички групи е на неодржлива основа, и како и познатиот цитат на Хемингвеј, нејзиниот колапс на почетокот може да биде постепен, но брзо може да стане ненадеен, насилен и неконтролиран настан. Ако не успееме да се подготвиме за оваа можност на начин на кој не успеавме да се подготвиме за распадот на Советскиот Сојуз, тоа може да внесе огромна нестабилност во нашата геополитика“.
Во „навивачкиот“ текст Телеграф ги открива „слабостите на Русија“:
„Гледам најмалку три фактори кои можат да доведат до колапс на Федерацијата. Првиот е рушењето на домашната доверба во руската армија, која традиционално е во сржта на легитимитетот на Кремљ. Нејзиното понижување во Украина сега е речиси целосно, со гордата Црноморска флота која сè уште се крие зад Крим, премногу исплашена да преземе акција против земја која нема ни морнарица“, пишува Хоџис во лондонски Телеграф.
Целата статија може да ја прочитате ТУКА.