Британскиот парламент гласаше со убедливо мнозинство за одложување на излегувањето на Велика Британија од Европската унија до 12 април или 22 мај.
За одложување на Брегзит, предвиден за 29 март, синоќа „за“ гласаа 441 пратеник, а 105 беа „против“.
Лидерите на ЕУ минатата недела одлучија да го одложат британското повлекување од членството до 12-ти април, ако Парламентот во Лондон, и третпат го отфрли договорот за Брегзит, а ако биде усвоен, крајниот рок за Брегзит ќе биде 22 мај, ден пред изборите за Европскиот Парламент.