Вакцината на АстраЗенека/Оксфорд не е одговорна за згрутчување на крвта, соопшти денеска британскиот регулатор за вакцини.
Фил Брајан, шеф за безбедност на вакцини во Агенцијата за регулирање на лекови и здравствени производи, изјави дека организацијата „внимателно ги разгледува“ извештаите за згрутчување на крвта во некои европски земји.
Но, тој додаде дека доказите што се на располагање „не сугерираат дека вакцината е причина“.
– Згрутчување на крвта може да се појави природно и не е невообичаено, рече тој денеска.
– Повеќе од 11 милиони дози вакцината на АтраЗенека досега се администрирани низ Велика Британија, а бројот на згрутчување на крвта пријавени по вакцинирањето не е поголем од бројот што би се случил природно кај вакцинираната популација.
– Луѓето и понатаму треба да одат и да ја примат вакцината против Ковид-19 кога ќе се побара тоа од нив, додаде тој.
Неговиот одговор доаѓа откако Германија, Италија и Франција станаа последните земји што привремено ја прекинаа употребата на вакцината.