Рускиот медиумски магнат Александар Лебедев изјави дека планира овој месец да објави електронска верзија на руски јазик на британскиот весник „Индипендент“, соопшти рускиот портал РБК.
Лебедев, кој е сопственик на „Индипендент“ и на лондонскиот „Ивнинг стандард“, не прецизираше конкретен датум за започнување на новото издание.
Главниот и одговорен уредник на новиот проект, Артјом Артиомов, изјави за РБК дека новата верзија на руски јазик ќе се состои исклучиво од руски преводи на написите на „Индипендент“ и, слично на британското издание, ќе биде достапна само на интернет.
Тој нагласи дека периодот на тестирање на веб страницата на руската верзија започна во февруари и ќе биде достапна за јавноста во рок од две недели.