Србија вечерва еднострано ќе ја повлече одлуката за протерување на црногорскиот амбасадор од земјата, изјави премиерката Ана Брнабиќ по состанокот со претседателот Александар Вучиќ и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ.
-Претседателот Вучиќ ја разбира и поддржува оваа одлука, бидејќи е во согласност со Виенската конвенција и протоколите. Но, ни кажа дека конвенциите се важни, но дека животот и нашето пријателство со Црна Гора се поважни, рече Брнабиќ.
Србија синоќа го прекина гостопримството на амбасадорот на Црна Гора, откако Црна Гора го прогласи српскиот амбасадор во Подгорица за персона нон грата.
Брнабиќ потсети дека тоа е сторено во согласност со член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи.
Вучиќ побара од владините претставници да ја преиспитаат оваа нивна одлука во желба Србија уште еднаш да подаде рака на соработка и пријателство, бидејќи во регионот имаше многу конфликти.
Брнабиќ додаде дека тие, исто така, се консултирале и со претставниците на српскиот народ во Црна Гора, кои ја поддржале ваквата сменета одлука