БРНАБИЌ ЗА ИНЦИДЕНТОТ ПРЕД ПАРЛАМЕНТОТ: Терористички чин извршен од опозицијата

/ 06.03.2025

Терористички чин извршен од претставници на опозицијата.

Претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ оцени дека денешниот инцидент пред белградскиот Парламент претставува „терористички чин извршен од претставници на опозицијата“.

Таа на прес-конференција во српското Собрание рече дека инцидентот го предизвикале „истите луѓе кои учествувале во обидот за блокада, палење и насилно преземање на државните институции во српскиот Парламент“.

– Истите луѓе го продолжија бруталното насилство пред парламентот во Белград, рече Брнабиќ.

Таа ги обвини претставниците на опозицијата дека ја „спречиле“ новинарката на „Информер“ Бранка Лазиќ „да си ја работи работата“ и да известува од денешната седница на Собранието на Белград.

„Пратеникот Борко Стефановиќ беше физички спречен да влезе во Градското собрание. Ја малтретираа и физички ја нападнаа, дури и ја спречија да се засолни на сигурно кога почна нападот. Тоа не е Србија, Србија е земја на чесни луѓе кои ќе ви помогнат кога сте во опасност, особено жените. Она што го видовме од терористите на опозицијата на Ѓилас е дека тепаат жени“, рече претседателката на српското Собрание.

Неколку лица беа приведени по инцидентот пред белградскиот Парламент кога се собраа активисти и граѓани и фрлаа со јајца и боја кон зградата, што доведе до физичка пресметка.


Од истата категорија