Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ вели дека во текот на целата кампања опозицијата создавала атмосфера за паника и насилство по изборите.

– Беше сосема јасно дека опозицијата ова го планираше во текот на целата кампања. Тие не презентираа никаков план, нивната кампања се фокусираше само на омразата кон Вучиќ – истакна Брнабиќ и додаде:

-Го планираа Мајданот во Белград, со револуција да дојдат на власт – тоа нема да успее.

Да потсетиме, вечерва околу 18 часот започна протестот на приврзаниците на коалицијата „Србија против насилството“ пред Републичката изборна комисија (РИК), а за сообраќај беше блокирана улицата „Краља Милана“.