Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека воведувањето задолжителна вакцинација против Ковид-19 за здравствените работници ќе отвори други проблеми за Србија и на крајот ќе ја доведе земјата пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
Таа на прес-конференција во Нови Сад истакна дека не би сакала да им наметнува, како што вели таа, очигледни работи на лекарите како обврски, бидејќи верува дека тоа би било навреда.
– Мислам дека здравствените работници веруваат во науката и здравјето и дека тие ќе ја водат вакцинацијата, посочи Брнабиќ.
Таа нагласи дека евентуалното воведување на задолжителна вакцинација во здравствената заштита ќе доведе до отпуштање на 20 отсто од здравствените работници кои поради некоја причина не сакаат да се вакцинираат.