Најмалку 11 мигранти од Африка загинаа откако бродот со кој патувале се преврти во близина на Тунис.

Помеѓу загинатите има и деца. Мигрантите се обидувале преку Средоземно Море да стигнат до италијанскиот остров Лампедуза.

Крајбрежната стража на Тунис пронашла тела на осум жени и три деца во близина на градот Сфакс. На бродот се наоѓале околу 30 луѓе, а крајбрежната стража трага по исчезнатите.

Во водите на Тунис минатата година се удавија околу 90 мигранти, откако се преврте бродот со кој од Либија тргнаа кон Европа.