Театрите во Бродвеј ќе останат затворени до крајот на мај 2021 година поради пандемијата со новиот коронавирус.
Театрите во Бродвеј се затворија на 12 март, илјадници луѓе останаа без работа, а штетата се проценува на милиони долари.
– Со речиси 97.000 работници, чија егзистенција зависи од Бродвеј и годишниот приход на град Њујорк, обврзани сме повторно да отвориме откако ќе се создадат услови за тоа, изјави претседателката на здружението Бродвеј лица, Шарлот Ст. Мартин.
И операта Метрополитен неодамна најави дека ќе биде затворена до септември 2021 година.