Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој е и актуелен претседател на Владата, денеска пред почетокот на партискиот конгрес во Кавадарци изјави дека очекува да бидат усвоени неколку стратешки документи на Конгресот и да продолжат да работат во интерес на граѓаните.
– Очекувам да бидат усвоени неколку стратешки документи меѓу кои и патоказот за годините што се пред нас, политиките и визијата што како партија и како Влада ќе ги застапуваме во годините што следат. Очекувам славенички амбиент после историската и голема победа на локалните избори и во тој дух очекувам да продолжиме да функционираме и да работиме и понатаму. Наш главен мотив и инспирација се интересите на граѓаните, така беше досега, така ќе биде и отсега, рече Мицкоски.
Осумнаесетиот конгрес, како што рече, е можеби најголемиот по број на посетители и делегати кој што досега бил одржан во историјата на партијата.
Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци доби неочекувана димензија: под еден покрив се собраа повеќе од 800 делегати, претставници на буквално сите ери на партијата.

Во истата сала денес седат луѓе кои мечтаеле за ВМРО-ДПМНЕ уште во времињата пред независноста, основачите што ја создадоа партијата во раните 90-ти, но и истакнати личности од сите политички периоди во последните 36 години.

Ова ретка политичка „семејно фотографија “ ја испраќа пораката дека денешниот конгрес не е само изборна процедура, туку собир што ги поврзува корените, историјата и иднината на ВМРО-ДПМНЕ – токму во момент кога се дефинира визијата Македонија 2030.
Запчна 18. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ
Во Кавадарци започна 18. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. За отворен Конгресот го пропгласи генералниот секретар на партија и пратеник Ѓорѓија Сајкоски.
Тој ги соопшти имињата на Верификационата комисија која треба го утврди бројот на делегатите на Конгресот. Во нејзиниот состав се Благоја Ташаминов Претседател и членовите Владимир Ѓорче, Олга Лозановска Сашо Донев и Благица Ласовска.
Од Верификационата комисија беше утврдено дека од 849 делагати, ана Конгресот се присутни 815, со што се исполнети условите за поплноправно одлучување на Конгресот.
Се очекува пред делегатите и гостите да се обрати лидерот на партијата премиерот Христијан Мицкоски.
На Конгресот се очекува да биде реизбран Мицкоски за лидер на партијата, кој е и единствен кандидат за функцијата.
Конгресот се одвива под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“, а се очекува да присуствуваат 2 600 лица, од кои 850-860 делегати и 1700-1800 гости и на него треба да биде донесена „Стратегија Македонија 2030“.
Според најавите, ова ќе биде до сега најмасовен Конгрес, а ќа има и обраќања од неколку сестрински партии




