Бројот на мигранти на границата меѓу Мексико и САД е повеќе од преполовен откако двете земји постигнаа договор за спречување на илегалната миграција во јуни, изјави министерот за надворешни работи на Мексико, Марсело Ебрард.
Мексико распореди 25.000 војници на границите со САД и Гватемала.
– Бројот на мигранти кои пристигнаа на границата се спушти на 63.000 во август од 144.000 во мај, рече Ебрард.
Претседателот на Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека Мексико постигнало „добри резултати“.
Бројките беа презентирани на прес-конференција, четири дена пред состанокот на мексиканските и американските претставници во Вашингтон за да се оцени договорот, постигнат под заканата на претседателот Доналд Трамп за наметнување казнени царински давачки.
Мексико имаше 90 дена да напредува во борбата против миграцискиот наплив од Централна Америка. Рокот од три месеци истече во четвртокот.
Со оглед на охрабрувачките резултати, Мексико нема да го потпише договорот за „безбедна трета земја“ како што побара Вашингтон, вели Ебрард. Таквиот договор би натерал принуди стотици илјади мигранти да бараат азил во Мексико.
– Бројките се познати. Договор за безбедна трета земја не е прифатлив за Мексико со оглед на постигнатите резултат“, рече мексиканскиот министер.
Мексико ќе поднесе три барања на состанокот во Вашингтон. Мексиканските претставници ќе побараат повеќе инвестиции во развојот на Централна Америка, повеќе мерки за борба против десничарскиот радикализам насочен кон мексиканските мигранти во САД и поголема контрола над сузбивањето криумчарење оружје од САД во Мексико, што резултираше со 36.000 убиства во 2018 година.