Бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 во државата Њујорк се намали на 817, што е најмал број од 18 март, изјави денеска гувернерот на државата Њујорк, Ендрју Куомо.
Тој кажа дека државата Њујорк бележи постојан напредок во борбата против коронавирусот и додаде дека во последните 24 часа умреле девет лица, пренесоа британските медиуми.
-Бројките почнаа да се намалуваат откако почнавме со отворањето, рече Куомо на прес-конференција.