Официјалниот број на смртни случаи поврзани со пандемијата „Ковид-19“ веројатно е „значително намален“, објави во петокот Светската здравствена организација (СЗО), тврдејќи дека е можно глобално 6-8 милиони смртни случаи да бидат поврзани со пандемијата.
Презентирајќи го Статистичкиот годишник за светското здравје, СЗО процени дека во 2020 година, најмалку 3 милиони луѓе починале со Ковид-19, или 1,2 милиони повеќе од евидентираните.
„Веројатно се соочуваме со значително намалување на вкупниот број смртни случаи директно или индиректно препишани на Ковид“, соопшти СЗО.
Агенцијата на ОН проценува дека 3,4 милиони смртни случаи до мај 2021 година може да бидат директно поврзани со пандемијата.
„Тој број навистина може да биде два до три пати поголем“, рече Самира Асма, асистентка на шефот на одделот за анализа на податоци на СЗО.
„Затоа мислам дека 6 до 8 милиони мртви секако може да биде проценката“, додаде таа.
Аналитичарот на СЗО за податоци, Вилијам Мсембури, рече дека проценката вклучува непријавени смртни случаи од Ковид-19, како и лица кои починале поради недоволен болнички капацитет и епидемиолошки ограничувања.
Официјалниот број „го намалува целосниот ефект“ на болеста, рече Мсембури.