Во Иран 194 лица починале од новиот коронавирус, додека 6.566 се заразени, соопшти денеска Министерството за здравство во Техеран.
Иран е една од земјите со најголем број жртви надвор од Кина, каде вируси прво се појави.
Портпарол на Министерството во телевизиска објава ги предупреди Иранците да ги избегнуваат сите големи собири и да останат дома.
– Во последните 24 часа имаме 49 лица кои починале од последиците на оваа болест, така што досега имаме најмалку 194 жртви, рече тој, додавајќи дека со тестовите е откриено дека уште 743 лица се заразени со вирусот.
Во меѓувреме, „Иран ер“ ги прекина сите летови до европските дестинации до понатамошно известување, соопшти Организацијата за цивилна авијација