Повеќе од 2,5 милиони луѓе во светот починале од коронавирус од почетокот на епидемијата во декември 2019 година, покажува најновиот биланс што го објавија светските агенции.
Од Ковид-19 починале точно два милиони и 500.172 лица, додека 112 милиони и 618.488 биле заразени.
Европа е најпогодена област со 842.894 смртни случаи, пред Латинска Америка и Карибите (667.972) и САД и Канада (528.039).
Пет земји – САД, Бразил, Мексико, Индија и Велика Британија – учествуваат со речиси половина од сите смртни случаи.