Бројот на самоубиства во Корпусот на морската пешадија на САД (маринци) во активна служба минатата година се зголемил на највисоко ниво во изминатите 10, јави денеска Си-Ен-Ен.

Според објавените податоци, лани имало 57 потврдени самоубиства меѓу маринците во активна служба. Потврдено е дека уште 18 маринци од резервните сили лани извршиле самоубиство или нивната смрт се истражува како можно самоубиство.

Телевизијата јави дека воените официјални лица на САД изразуваат загриженост бидејќи многумина од смртните случаи се маринци кои не биле распоредени надвор од земјата и не учествувале во борбени операции.

Командантот на Корпусот на морската пешадија на САД, генерал Роберт Нелер неодамна испратил порака до војниците во која ги замолува да се воздржат од преземање такви драстични мерки со посегање по сопствениот живот.