Бројот на починати од последици од новиот коронавирус во Италија во изминатите 24 часа се зголеми за 18 и сега изнесува на 52 жртви.

Италијанската Агенција за цивилна заштита соопшти дека бројот на заразени се искачил на 2.036, додека вчера изнесувал 1.692.

Директорот на агенцијата информира дека од луѓето кои биле први заразени, 149 закрепнале.