Бројот на загинатите во вооружениот напад кој се случи утрово во училиште во градот Ижевск, на 980 километри источно од Москва, се зголеми на 15 жртви од кои 11 се деца, објави рускиот Истражен комитет.
Истражителите утврдиле дека во нападот настрадале вкупно 39 лица, од кои загинале 15 лица меѓу кои 11 се деца, а ранети се 24 лица, од кои 22 се деца. Претходно беше објавено дека меѓу загинатите се двајца учители и двајца чувари во училиштето.
Напаѓачот, кој си го одземал животот во една од училниците откако ги извршил масакрот е идентификуван како 34-годишниот Артем Казанцев, кој своевремено одел во истото училиште.
Засега нема информации за мотивите на напаѓачот, кој последните години бил пријавен на психијатриска клиника. Меѓутоа, во медиумите се појави снимка од мртвиот напаѓач, на кој се гледа дека бил облечен целосно во црно со „фантомка“ на главата на маицата има црвен нацистички симбол – свастика. Бил вооружен со два пневматски пиштола кои биле преправени за употреба на боева муниција, и напаѓачот кај себе имал големо количество куршуми.
Поранешните соученици за медиумите се присетуваат на него како молчалив и воинствено расположен, постојано облечен во црна облека и запоставен изглед, но не можат да најдат причини за мотиви за масакрот во училиштето од период на школувањето.