Бројот на загинати од разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија сега е најмалку 20.451, според властите.

Во Турција, бројот на загинати се искачи на најмалку 17.134, а 70.347 други се пријавени за повредени во четвртокот, според турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Вкупниот број на загинати во Сирија се искачува на најмалку 3.317 – вклучително 1.970 во областите под контрола на бунтовниците на северозапад, според групата за цивилна одбрана Бели шлемови, и 1.347 смртни случаи во делови на Сирија контролирани од владата – според сириските државни медиуми.

Вкупниот број на повредени лица во Сирија на сите погодени територии се искачи на 5.245, од кои 2.295 во подрачјата под контрола на владата и 2.950 во областите под контрола на бунтовниците.

Најмалку 75.592 лица се повредени во Сирија и Турција, според податоците на турската влада, Белите шлемови и сириските државни медиуми.