Бројот на заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата во Италија денеска надмина еден милион, откако во изминатите 24 часа во земјата се регистрирани 32.961 нов случај, соопшти италијанското Министерство за здравство.

Според Министерството, денеска се потврдени и најголем број на починати од 6 април – 623, што претставува значаен пораст во однос на претходниот ден, кога беа регистрирани 580 смртни случаи. Досега од последиците на коронавирусот починале вкупно 42.953 луѓе.

Пандемијата на Ковид-19 најтешко го погоди регионот Ломбардија, каде се потврдени 8.180 новозаразени лица.